Google води судски спор со креаторите на алтернативниот пребарувач DuckDuckGo, во кој гигантот е обвинет дека постојано ги следи интернет корисниците. Според претставниците на DuckDuckGo, алгоритмите на компанијата собираат информации за активностите на корисниците за да ги прилагодуваат резултатите од пребарувањето и рекламите.

Тужителите тврдат дека оваа практика се врши дури и ако корисниците го активирале „инкогнито“ режимот на сурфање на интернет на веб прелистувачот. Google категорично ги отфрла ваквите тврдења.

Технолошкиот гигант прецизира дека тоа не се случува и секој може да излезе од својот профил во Google или да го стартува „инкогнито“ режимот на веб прелистувач. Така корисникот ќе гледа сосема различна содржина во однос на резултатите од пребарувањето и рекламите во споредба со случаите, кога е најавен во својот профил и ги гледа сите информации во неговиот профил. Сепак DuckDuckGo смета дека Google ги доведува корисниците во заблуда со начинот на кој работат „инкогнито“ режимите на најпопуларните прелистувачи.

Според нив, Google користи голем број практики за манипулирање со резултатите од пребарувањето и со тоа создава нелојална конкуренција.