Сателитот HysIS, тежок 380 килограми, ќе помогне во проучување на земјината површина во “видливи, речиси инфрацрвени и краткобранови подрачја на електромагнетскиот спектар”
Индија денеска успешно лансираше во орбитата нов сателит за набљудување на Земјата и уште 30 помали сателити што припаѓаат на осум различни држави.
Ракетата на Индиската организација за истражување на вселената (ISRO), што ги пренесе сателитите, била лансирана од полигонот Шрихарикота на југот на Индија.
Сателитот HysIS, тежок 380 килограми, ќе помогне во проучување на земјината површина во “видливи, речиси инфрацрвени и краткобранови подрачја на електромагнетскиот спектар”
ISRO има серија планирани мисии, вклучително и лансирањето на сателитот GSAT-11 тежок 5,8 тони во среда и втора мисија на Месечината во јануари.
Од 1999 година, ISRO лансираше повеќе од 250 странски сателити од 28 земји.
Минатиот февруари ISRO одеднаш постави рекордни 104 сателити во орбитата во една мисија.
Извор: 24sata.hr