Планетите обично се тркалезни тела во вселената, а астрономите открија егзопланета со неправилна форма која личи на рагби топка.

Станува збор за планетата WASP-103b  во соѕвездието Херкул, а која орбитира околу својата ѕвезда толку блиску што гравитацијата ја издолжила. Оваа егзопланета е пронајдена со телескопот Cheops на Европската вселенска станица.

Споменатиот телескоп пронаоѓа егзопланети со мерење на светлината на ѕвездите и набљудувајќи го падот во осветлувањето кога потенцијалната егзопланета минува меѓу нас и ѕвездите.

Егзопланетата WASP-103b е двојно поголем од Јупитер. Ваквите егзопланети орбитираат многу блиску до својата ѕвезда, често поблиску отколку што Меркур орбитира околу Сонцето. Планетата патува околу својата ѕвезда 1,7 пати повеќе од Сонцето за помалку од еден ден.

Астрономите ја откриле деформацијата благодарение на многу брзиот орбитален период на егзопланетата, а добија и прилика да извршат мерења и опсервации за да го потврдат необичниот облик.

Извор: Klix.ba