Поголемиот дел од смартфоните и таблет уреди се уште не добија ни надградба на Android 9.0 Pie, а Google своите Pixel модели веќе ги тестира на идната верзија на оперативниот систем – Android Q.
И додека поголем дел од корисниците на Android уредите се уште ја чекаат надградбата на Android 9.0 Pie, Google оди чекор понатаму и почнува своите актуелни смартфони од Pixel линијата да ги тестира на идната верзија на Android – Android Q, кој се уште го нема своето официјално “слатко име”.
Ова беше забележано во базата на Geekbench. Google го одработи тестирањето на поголемиот Pixel – моделот Pixel 3 XL. Тестирањето беше спроведено на 20. ноември, 2018. година. Тестираниот уред немаше понов хардвер, поради што и резултатите на тестовите беа речиси идентични на оние претходните, кои беа одработени под Android 9.0 Pie.
Во Single-Core тестовите Pixel 3 XL со Android Q oсвои 2.404 бодови, а во Multi-Core тестовите 8.510 бодови. Во споредба со претходните тестирања, резултатот во еднојадрените тестови е само малку полош – за 22 бода, но затоа осетно е подобар во Multi-Core тестовите, каде што Pixel 3 XL со Android Q освои 155 бодови повеќе во однос на Pixel 3 XL со Android 9.0 Pie.
Поврзани артикли