Intel ги изненади присутните на AI Developers конференцијата за програмери, која се одржа во Кина. Компанијата претстави интересни детали за својата стратегија и првпат го претстави новиот Intel Neural Compute Stick 2 (NCS2).
Се работи за миникомпјутер со големина на USB стик, кој ви овозможува да го следите сообраќајот помеѓу две различни мрежи. На овој начин, уредот овозможува да се управува со рутери, свичеви и други уреди со платформата Интернет на нештата.
Компанијата го дефинира овој производ како преносна невронска мрежа која можете лесно да ја носите со себе каде и да сте. Intel се надева дека NCS2 ќе ги постави темелите за целосно нова категорија на производи што ќе го привлече вниманието на програмерите и професионалците.
Компактниот уред е опремен со Myriad X Vision Processing Unit (VPU) единица, која се грижи за оптимална продуктивност на Intel Neural Compute Stick 2 (NCS2), пријави „Engadget“.
Главната цел на Intel NCS2 е да овозможи создавање на алгоритми за вештачка интелигенција локално, дури и без интернет врска. Корисниците треба да користат верзија за ОС на Linux и да имаат USB 3.0 порт.
Компанијата тврди дека новата верзија на уредот обезбедува осум пати побрзи перформанси во споредба со претходната верзија. Оние кои сакаат да го добијат Intel NCS2 сега може да го сторат тоа од веб-страницата на Intel.