Google за следната година го подготвува третиот модел на своите Google Glass очила кој не би требало да донесе поголеми промени што се однесува до дизајнот, но затоа донесува промени во камерата и поголема автономија на батеријата.
Првата генерација на Google Glass очилата се појави во април, 2013. година, но не постигна поголем успех поради младоста на самата технологија, високата цена и загриженоста за сигурноста и приватноста на корисниците.
Google Glass беа замислени како замена за класичните паметни телефони, со предноста на управување без користење на раце (со гласовни наредби) и приказ на важни информации на екранот на очилата.
Минатата година, на пазарот се појави подобрена верзија на очилата Google Glass Enterprise Edition, која ја задржа прилично високата цена од 1.500 долари.
Американската регулаторна агенција FCC веќе го сертифицираше Google Glass моделот со име Google Glass 2 Enterprise Edition, кој на пазарот би требало да се појави во текот на 2019. година.
Новиот Google Glass не би требало да има поддршка за 4G мрежи, ниту да донесе поголеми промени во дизајнот во однос на претходните модели, но затоа тука е поддршката за Bluetooth и Wi-Fi, како и подобрувањата на камерата и автономијата на батеријата.