Пеењето под туш е навика на многумина, а со новиот водоотпорен туш Bidet4me Music Showerhead со Bluetooth звучници, сега може да слушате музика под туш и да разговарате телефонски со некој.

Покрај тоа што нуди слушање музика со висок квалитет и без шумови, овој туш штеди и до 30 отсто вода, што го прави повеже од посебен.

Bluetooth звучниците се вградени во тушот и може да се спојат на оддалеченост од десет метри, со кој било уред кој ј има оваа конекција. Доколку треба да одговорите на повик додека се туширате, музиката сама ќе запре, а може да се јавите со притискање копче кое се наоѓа на тушот. Во текот на разговорот може да продолжите со туширањето, а микрофонот вграден во тушот ќе го задржи вашиот глас, без оглед на шумот од водата.

Батеријата на тушот Bidet4me Music Showerhead трае околу осум часа, а се полни со вообичаен USB кабел. Тушот чини 32 долари, а оние кои сакаат комплетен сет со продолжетоци и држачи, може да го добијат за 90 долари. Може да се нарача преку интернет или да се купи директно во продавница.