Во текот на февруари оваа година почнаа да се појавуваат информации за тоа дека Apple работи на 16-инчна верзија на MacBook Pro лаптопот. Новиот извештај пружа повеќе информации на оваа тема, сугерирајчи дека Apple би можел да објави нов преносен компјутер во текот на октомври, со почетна цена од околу 3000 долари.

Според извештајот, новиот 16-инчен лаптоп ќе има 3072 x 1920p дисплеј (зголемување од 2880 х 1800 пиксели резолуција која ја има сегашниот 15-инчниот MacBook Pro). Екранот би требало да ја задржи истата густина на пиксели, што и се очекува од екранот кој Apple го нарекува Ретина.

Извештајот, исто така, сугерира дека Apple планира и да ги освежи MacBook Air и 13-инчниот MacBook Pro во истиот период. Една од работите кои се очекуваат за Pro е опцијата од 32 GB RAM, но ова би требало да се поклопи и со објавата на 10nm Ice Lake процесори на Intel.