Правната битка околу 10.600 години стариот скелет наречен “Мумијата на Духовната Пештера“, заврши откако напредна ДНК анализа покажа дека е таа е поврзана со индијанско племе, пишува Science Daily.
Истражувањето зафатило повеќе анализи на ДНК на серија познати и контроверзни антички остатоци низ Северна и Јужна Америка, вклучително и Духовната Пештера, Lovelock скелетите, остатоците од Лагоа Санта, мумијата Инка и најстарите остатоци во Чилеанска Патагонија.
Студијата, исто така, го опфатила и вториот најстар човечки остаток од пештерата Трејл Крик во Алјаска – 9.000 годишен млечен заб од една млада девојка.
Научниците анализирале 15 антички геноми кои се протегале од Алјаска до Патагонија, и ги следеле движењата на првите луѓе додека се населувале низ Америка со “зачудувачка“ брзина за време на леденото доба, како и начинот на меѓусебната интеракција во следните милениуми.
Тимот на научници не само што открил дека остатоците пронајдени во Духовната пештера, односно најстарата природна мумија на светот – била Индијанец, туку тие ја побиле и долгогодишната теорија дека во Северна Америка пред Индијанците постоела група наречена Палеоамериканци.