Групацијата Volkswagen донесе одлука. Новата фабрика ќе ја гради во Турција, а во неа ќе се произведуваат модели на автомобили од неколку марки, објави германскиот Automobilwoche.

Надзорниот одбор на германската компанија деновиве ја избрал локацијата за новата фабрика која ќе биде изградена во близина на Измир. На овој начин, Турција „ја победи“ Бугарија, а Србија одамна не е во „игра“.

Во фабриката ќе се произведуваат модели на Volkswagen, Škoda и Seat, со што треба да се ослободи притисокот врз производните капацитети на Škoda во Чешка.

Главен лобист за Турција беше Катар, кој поседува 17 отсто од акциите во Volkswagen.

Според претходните извештаи, новиот производен објект ќе биде отворен 2022/2023, со годишен капацитет до 350.000 единици. Производството ќе ги вклучува и моделите Škoda Karoq и Seat Ateса.

Шефот на Škoda, Бернхард Мајер, во март изјави дека Чешката марка можела да продаде 100.000 автомобили ако имала достапни соодветни капацитети.

Извор: Додај Гас