Австралиски и индонезиски научници неодамна на ѕидот на една пештера на индонезискиот остров Борнео го открија најстариот цртеж на животно, црвено-портокалова силуета што личи на бик, објави списанието Nature.
Според нивната процена, цртежот е стар најмалку 40 000 години и нешто постар од слични цртежи претходно откриени во европските пештери, за кои експертите велат дека се првите такви творби во човечката историја.
Но, датирањето на новооткриениот цртеж на необично животно што потсетува на бик, заедно со други цртежи пронајдени во Југоисточна Азија, сугерира дека првото фигуративно сликарство, една од најзначајните иновации во културниот развој на човекот, постоело истовремено и во Европа и во Азија.