Иако до овој момент беше позната како апликација која ги избегнуваше рекламите, WhatsApp во скоро време во својата понуда ќе го вклучи и огласувањето, пренесува Independent.
“WhatsApp ќе почне со пополнување на својата статусна функција со реклами”, наведува еден од вработените.
За разлика од другите компании чиј мнозински сопственик е Facebook, WhatsApp секогаш беше отпорен на огласување. Неговите оригинални основачи се обврзз да не ја финансираат апликацијата со собирање на податоци, што е инаку примарен модел на работење на Facebook.
Со оглед на тоа дека WhatsApp неодамна го купи Facebook, шефовите на социјалната мрежа побараа начин за заработка од големиот успех на WhatsApp и повеќе пати нагласија дека рекламите треба што побрзо да се воведат.
Заменик директорот на WhatsApp, Крис Даниелс предложи што порано да се воведат услугите на рекламирање со цел и на тој начин да профитира компанијата.
“Ова ќе биде примарен начин на монетизација на компанијата”, изјави Даниелс за The Economic Times.