Вработени во Google ширум светот ги напуштаат работните места во знак на протест поради начините на кои компанијата постапува кон жени, со барање за неколку клучни промени во постапките на фирмата во случаи на тужби за сексуално вознемирување.
Тие бараат да се прекине присилната арбитража – потег што би им овозможил на жртви да поднесат тужби. Извршниот директор на компанијата Сундар Пичаи им се обрати на вработените дека го поддржува нивното право на акција.
Бесот во фирмата имаше експанзија минатата недела кога на еден од извршните директори на висока позиција му биле исплатени 90 милиони долари откако ја напуштил формата и покрај тоа што Google ги сметал за „веродостојни“ наводите за сексуално злоставување против него.
#Google workers worldwide walk out to protest office harassment, inequality https://t.co/zm60XjFOUY pic.twitter.com/JURoKJ8uEG
— The Straits Times (@STcom) November 1, 2018
Енди Рубин познат како креатор на Android за мобилни уреди ги негира наводите. Во вторникот и друг извршен директор од истражувачка лабораторија Икс, исто така поднесе оставка. Ричард Диваул направил несоодветен потег кон жена која неодамна била интервјуирана за работа, и таа го пријвила.
Тој не го коментира случајот откако се повлече, но претходно го нарече инцидентот „грешка во пресудата“. Најмалку 48 вработени се отпуштени поради сексуално злоставување без исплата и според Пичаи, извештајот објавен за тоа во Њујорк тајмс е „тешко да се чита“. Принудната арбитража е заедничка клаузула за вработените во Силиконската долина и бара секој спор да се решава интерно, а не со судови.