После дебаклот на Samsung со батериите кои експлодираат, и најголемиот ривал Apple знае да биде на слични маки, но засега во минимални пропорции. На видео снимка од 11. мај која се појави на интернет, се гледа еден човек како работи во неименувам сервис, по што од неговата лева страна се случува експозија на модел на iPhone. Сервисерот веднаш истрчува на страна за да ги избегне последиците. Во инцидентот никој не е повреден.

Овој сервис е специјализиран за поправки на мобилни телефони, но се чини дека уредот што експлодирал имал и посериозни оштетувања од само скршен екран. Веројатноста за пожар е зголемена доколку станува за хардверски неисправен уред. Од самата снимка не се гледа за кој телефон станува збор, но ТВ каналот KTNV кој прв известуваше за настанот, објави дека станува збор за iPhone 6S.