Коосновачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Цукерберг, ја зазема третата позиција меѓу најбогатите луѓе во светот.

На крајот на петочната трговска сесија, кога акциите на „Фејсбук“ додадоа 2,4 отсто на својата вредност, Цукерберг го зголемил своето богатство до рекордни 81,6 милијарда долари. Со тоа се најде пред Ворен Бафет, кој според последните податоци поседува 81,2 милијарда долари.

Од почетокот на 2018 година акциите на „Фејсбук“ додадоа 15 отсто на својот рејтинг на пазарот. Првпат во историјата на рангирањето, предводено од „Блумберг“ и пласманот на најбогатите 500 луѓе на планетата, првите три позиции ги заземаат технолошки титани.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, продолжи да води со 141 милијарда долари по што следи Бил Гејтс („Мајкрософт“) со 94,2 милијарди долари. Топ-10 најбогатите луѓе во светот имаат вкупно 774 милијарди долари.