Новиот Alienware Aurora пристигнува со најдобриот осумјадрен процесор на Intel од 9. генерација K-серија (i5, i7 и i9).
Пет години од најавата на развојот на најмоќните гејминг компјутери со врвни перформанси, креативците од Alienware лабораторијата ја претставуваат најновата надградба на Dell Alienware серијата – Alienware Aurora со вградени осумјадрени процесори на Intel од 9. генерација K-серија (i5, i7 и i9).
Aurora им е наменета на играчите кои бараат повеќе од стандардно играчко искуство, а новата Aurora во комбинација со напредната генерација на Intel процесори, револуционерен систем на ладење, наменски обликувано куќиште кое одржува оптимална температура на работа и најнапредните графички картички го нуди токму тоа, ненадминато искуство на играње, без разлика дали се работи за 4K, VR или најнови esports наслови.
Покрај Aurora, од Alienware го претставија и новиот Alienware Command Center, кој што на корисникот му овозможува ултимативна персонализација на своите игри и стилот на игра, од контролите, па се до осветлувањето на тастатурата, слушалките и микрофонот. Покрај тоа, овозможена е и персонализација на најновиот интерефејс кој што Intel го надогради со Solder Thermal Interface Material (STIM) кој што овозможува неверојатна прегледност, додека пак опцијата Gaming Library овозможува прилагодувања на овие поставки на секоја поединечна игра.
Оваа машина не е наменета само за гејмери, па одлично ќе им дојде и на програмерите, како и на дизајнерите. Со новите процесори на Intel, изработката на видеа, монтажата, креирањето на содржини се драстично забрзани. Intel Quick Sync Video овозможува забрзување на хардверот, а Intel Optane меморијата памети кои апликации се најчесто користени и го забрзува нивниот аплоад и користењето со забрзување на рендерирањето.
Извор: Zimo.hr