Софтверските инженери на Instagram веќе експериментираат со нова функција која овозможува информацијата за вашата локација да се сподели со Facebook. Ова значи дека вашите GPS координати и податоците за локацијата на Instagram ќе бидат поврзани со вашата сметка во социјалната мрежа. Имајте на ум дека дури и не треба да ја користите мобилната апликација за да испраќате вакви информации. Треба само да ја овозможите функцијата Location History.
Податоците споделени на овој начин ќе бидат користени од алгоритмите на Facebook за попрецизно насочување на рекламната содржина, пренесе TechCrunch. Новата функција генерира GPS координати во реално време за вашата местоположба, дури и без отворање на Instagram, а потоа додава податоци во делот за активност на вашата сметка на Facebook. Компанијата потврди дека всушност експериментирала со оваа опција, но не потврдила кога би ја интегрирала во сите кориснички сметки.
Ова било забележано од Џејн Вонг, која открила дека опцијата е сместена во поставките за приватност на Instagram. Еве го описот на тоа во поставките, како што стои во скриншотовите на Вонг:
„Кога ‘Историјата на локации’ е вклучена, Facebook периодично ќе ја додава вашата моментална точна локација во историјата, дури и ако ја напуштите апликацијата. Можете да ја исклучите опцијата во секое време во поставките на апликацијата. Кога опцијата е исклучена, Facebook престанува да додава нови информации во вашата ‘Историја на локациите’. Facebook сѐ уште може да ја добива вашата најнова прецизна локација за да можете, на пример, да споделите содржина на која е наведена и вашата локација.“
Instagram, as a "Facebook Product", is testing Facebook Location History in their app.
It allows tracking the history of precise locations from your device, now through instagram app too
previously: https://t.co/JCQGnawJbV pic.twitter.com/S02lyIfTlu
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) October 4, 2018