Со употребата на вселенскиот телескоп Хабл и Кеплер, астрономите дојдоа до докази за постоење месечина надвор од нашиот сончев систем, која кружи околу огромна гасна планета оддалечена околу 8.000 светлосни години.
Според информациите објавени во списанието „Сајенс адвансд”, егзомесечината е невообичаена поради својата големина што може да се спореди со Нептун.
Таквите огромни месечини не постојат во нашиот сончев систем каде се снимаат речиси 200 природни сателити.
– Ова ќе биде прв случај за откривање на една месечина надвор од нашиот сончев систем, вели Дејвид Кипинг, професор по астрономија на Универзитетот Колумбија.
– Ако се потврди со дополнителни набљудувања, ова откритие може да обезбеди важни информации за развојот на планетарните системи, рече Кипинг.