Научниците од Универзитетот во Сан Франциско открија дека зависноста од електронски уреди, што секоја година станува се почеста, ги тера луѓето да не се задоволни од својот живот. Истражувачите на проблематиката дошле до заклучок дека луѓето што се зависни од паметни телефони во мозокот постепено формираат невролошки врски кои се идентични како зависност од наркотици или други лекови против болки.

Истражувачите, исто така, откриле дека зависноста од gadget-и негативно влијае на социјалните врски. Во истражувањето спроведено над 135 студенти, било откриено дека оние кои често користат паметен телефон, почесто чувствуваат осаменост. Научниците веруваат дека поголемиот дел од времето минато на социјалните мрежи ја „затупува“ чувството за вербална комуникација, а ги засилува оние за невербална комуникација како гестови, изрази на лицето и интонации во говотот.

Авторите советуваат поретко да се користат паметнтеи телефони и компјутерите.