Научници од ЕСА истражуваат можност за биопечатење на човечко ткиво во вселената.

Кога еден ден луѓето ќе се упатат кон Марс, патувањето би траело неколку години, а во случај на сериозни повреди или изгореници, нема да можат така едноставна да го вратат вселенскиот брод на Земјата.

Од таа причини, ЕСА ја разгледува можноста за 3D биопринтање на човечки резервни делови како кожа, коски и органи. Научници од Техничкиот универзитет во Дрезден успеаја со таа технологија да ги создадат првите примероци на кожа и коски за потребите на вселенските „корекции“. Иако технологијата е во рана фаза дури и за примена на Земјата, ЕСА вели дека е од посебна важност за медицински цели во вселената, каде човечкото тело се лекува и закрепнува значително побавно.

Со оглед на условите за микрогравитација научниците развија технологија која овозможува 3D принтање без оглед на гравитациските услови во вселената. Затоа, со растителен материјал ја згуснале човечката крвна плазма која се користи за биопринтање на клетки и започнале со принтање на кожа.

За принтање на коски научниците на 3D принтаните клетки додале „цемент“ од калциум фосфат кој се разградува без последици во човечкото тело додека го апсорбира коската која расте.

ЕСА смета дека развојот на оваа технологија за медицински намени во вселената и на Марс всушност би била од најголема корист на Земјата.