Познато е дека прекумерната изложеност на сината светлина што ја емитираат LED екраните може да доведе до сериозни здравствени проблеми, а децата се особено чувствителни на таквите ефекти. Научниците од тајванскиот институт NTHU долго време го истражуваат проблемот. Уште во 2015 година, тие ги повикаа купувачите да бидат свесни за опасностите од долго гледање во ваквите екрани и побараа да бидат воведени нови правила за безбедна употреба.
Научниците од NTHU развија сопствена методологија за да го измерат влијанието на светлината врз создавањето на мелатонин – еден од главните проблеми со сината светлина. Тестирањето на Patent Pattern може да се врши на било кој екран – од телевизор до паметен телефон.
Неодамна, универзитетските специјалисти тестираа два од најмоќните паметни телефони – iPhone 7 со LCD и новиот iPhone XS Max со AMOLED дисплеј, за да утврдат каде окото се заморува и оштетува побргу. Кај iPhone 7, излезе дека оштетувањата доаѓаат по 288 секунди, додека кај iPhone XS Max за 346 секунди, што значи дека OLED дисплејот е многу подобар за очите од LCD-екранот.
Уште неколку други истражувања го потврдија првичниот наод, па затоа научниците го препорачуваат AMOLED пред LCD, доколку сакате подолго време да ги користите вашите уреди