Настанот за лансирање ќе биде одржан во Кина следниот вторник, на 28 декември, и ќе почне во 19:30 часот по локално време. Xiaomi не спомна експлицитно од колку смартфони се состои Mi 12 линијатa, но знаеме дека има најмалку три од нив, бидејќи раководителите на компанијата ги користеа телефоните за нивните објави во Weibo – стандардниот 12, 12X и 12 Pro. Слушнавме и за моделот 12 Ultra, кој се уште не е официјално потврден.

Кинескиот производител на паметни телефони не откри ништо друго за Xiaomi 12 линијата, освен што потврди дека уредите ќе ги покренува Snapdragon 8 Gen 1 чипсет. Сепак, не е јасно дали ќе ги видиме сите три смартфони кои доаѓаат со чипот Snapdragon 8 Gen 1 или ќе останат ексклузивни за Pro варијантата.

Како и да е, бидејќи има една недела до лансирањето, можете да очекувате дека Xiaomi ќе објави неколку тизери пред претставувањето за да предизвика интерес за Xiaomi 12 серијата.