Кога слушаме за апликации што ги крадат корисничките податоци или како приватните информации се делат со трета страна, обично во комбинација е некаков „малвер“ или лошо прегледани апликации на „Андроид“.
Но, тимот од „Гардијан ап проџект“ откри десетина апликации за „Ајос“ што следат и споделуваат, односно им продаваат податоци за корисниците на други компании.
Според информациите на тимот, се следат повеќе од десет милиони мобилни уреди низ светот. Во повеќето случаи апликациите следеле и проследувале точни податоци за локацијата, но и други податоци што може да се искористат за идентификација на корисникот. Проблемот е во тоа што во условите на користење на корисниците на ниту еден начин не е кажано дека ваквите податоци ќе се собираат и ќе се продаваат.
На листата се наоѓаат многу апликации за временска прогноза, за купони и попусти, кои од корисниците барале пристап до податоците за локацијата. Но, апликациите собирале и податоци преку блутут и безжични мрежи на кои корисникот се поврзувал. Исто така, собирале податоци од различни сензори во уредот и сето тоа го испраќале на трета страна.
Од Apple засега нема коментар, но од „Гардијан ап проџект“ советуваат апликациите да се отстранат од уредот или да им се укине пристапот до податоците за локација и