Руското теренско возило Aurus Komendant се наоѓа на тестирање во северна Скандинавија. На интернет се појавија првите снимки на уште едно руско возило во линијата модели што ја сочинуваат седанот Senat и минивенот Arsenal.

Според пишувањето на медиумите, на снимката, судејќи според сé, е  пораниот прототип. Возилото нема задни светла, ауспухот не е довршен, а внатрешноста е упростена.

Како и другите возила од проектот „Кортеж“, теренецот Komendant го развива Научноистражувачкиот автомобилски и автомото институт. Ова теренско возило ќе биде опремено со 4,4-литарски V8 мотор од 598 КС. кој ќе работи во пар со електрични мотори од 62 КС, како и автоматски деветстепен менувач и погон на сите четири тркала.

Сериското производство на „претседателските“ автомобили Aurus е одложено за една година. Годинава е планирано производство на 28 возила, а следната година на 360. Во 2024 година производството ќе достигне 5274 автомобили.

Извор: Russia Beyond