Кон средината на мај оваа година, компанијата Microsoft, односно одделението кое се занимава со Xbox, го претстави новиот, специјално дизајниран контролер за Xbox.
Неговата поента е да овозможи максимално комфорно играње за луѓето кои имаат посебни потреби и поради здравствените проблеми не се во можност да ги користат двете раце или имаат ограничена подвижност.
Неколку месеци подоцна, овој контролер официјално пристигна на пазарот по цена од 100 долари. Ваквиот навистина уникатен производ во гејминг светот е резултат на истражувања и директна соработка на дизајнерите на Microsoft со луѓето кои обожуваат видео игри, но имаат различни облици на физичко ограничување кое им оневозможува да уживаат во својата страст на најдобар начин.
Овој сет им овозможува на таквите играчи да играат со рацете, нозете, рамената, брадата или било која комбинација на овие делови од телото, притоа пружајќи максимален комфор при играњето.
Секоја чест за Microsoft и се надеваме дека ова е првиот чекор кон ширење на гејмингот за секого.
Извор: B92.net