Компанијата SpaceX успешно лансираше ракета од моделот Falcon 9, чија задача беше да постави сателит во вселената. По успешната мисија, ракетата беше спуштена на платформа на површина на Атлантскиот океан.

Лошите временски услови се закануваа дека ќе го уништат лансирањето, но и покрај проблемите ракетата Falcon 9 беше лансирана во закажаното време од космодромот во Кејп Канаверал, САД.

На крајот од денот мисијата помина во најдобар ред, а SpaceX забележа уште еден успех во кратката историја, бидејќи ова беше 16-та успешна мисија оваа година. Временските услови се заканија дека ќе го уништат деликатното слетување на платформа која беше поставена среде океан, но искусните оператори успеаја да ја приземјат ракетата без поголеми проблеми.

Мисијата беше центрирана околу сателитот Telstar 18 Vantage, кој носи опрема која би требало да обезбеди подобри телекомуникации низ цела Азија.