Научниците од Универзитетот во Лестер открија нови причини за масовните истребувања низ историјата – знаење кое што може да помогне во
предвидувањето на претстојните еколошки катастрофи, пишува Science Daily.
Интернационалниот тим на научници ги истражувал ненадејните еколошки транзиции низ историјата, од настаните на масовни истребувања во далечно минато, до поновите истребувања што се случија во текот на последните неколку децении.
Во студија објавена во списанието Science, коавторите Сергеј Петровскиј и Ендрју Морозов од Универзитетот во Лестер, и група на водечки научници од САД и Канада, ја истражувале долгогодишната мистерија позади овие еколошки транзиции.
Еколошките системи понекогаш доживуваат ненадејни промени во нивното функционирање, што често резултира со исчезнување на видовите и значително губење на биодиверзитетот.
Зошто се случуваат овие значајни промени се уште е нејасно, особено поради што овие транзици често се случува кога има стабилни услови и затоа појавите не може да бидат директно поврзани со одредена промена во животната средина.
Преку собирањето на емпириски податоци и увиди од еколошката теорија и математички модели, тимот открил дека наглите транзиции во еден екосистем може да се случат како резултат на долгорочна транзиторна динамика.
“Нашите истражувања покажуваат дека здравиот екосистем не секогаш мора да остане здрав, дури и во отсуство на значителни промени во животната средина. Затоа е потребно подобро следење на состојбата на екосистемот за ублажување на потенцијалните катастрофи.“ објаснува професорот Петровскиј.
“Ние исто така можеме да предвидиме евентуална катастрофа со тоа што нашата студија советува каде да ги побараме знаците и која е релевантната временска скала: промените во животната средина (без разлика дали тоа се природни или човечки направени промени), кои конечно водат до огромни промени кои можеа да се случат и многу поодамна.“ потенцира професорот.
“Овие наоди создаваат нова парадигма, како и моќна теоретска рамка за разбирање и потенцијално предвидување на еколошки катастрофи, како и за ефикасно справување со нив“, објаснува Петровскиј.