Само неколку дена по историското лансирање и испраќање астронаути на Меѓународната вселенска станица, компанијата SpaceX е веќе подготвена за ново лансирање.

SpaceX изврши историска мисија во соработка со НАСА и стана првата комерцијална компанија која испрати луѓе во вселената, со помош на сопствено летало.

Сега компанијата продолжува со работа, па веќе во текот на утрешниот ден ќе лансира нова група сателити на интернет мрежата Starlink. Лансирањето ќе биде извршено од Вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал.

Ракетата Falcon 9 ќе биде искористена за лансирање на сателити, а потоа SpaceX ќе се обиде да ја спушти во море. Целта е да се сочуваат деловите на носот за повторна употреба, нешто што стана рутински дел од секоја мисија.

Лансирањето сателити требаше да се изврши во средината на мај, но беше одложено поради лошите временски услови.

Извор: Klix.ba