Во Русија стручњаците на Централниот научноистражувачки институт за прецизна механика на државната корпорација „Ростех“ развија противоклопен куршум за бесшумна стрелба.

Ова го соопшти службата за односи со јавноста на „Ростех“. Куршумот со калибар девет милиметри, со намалена брзина, може да пробие панцирен елек со втора класа на заштита. Акцентот притоа е ставен на нечујно гаѓање.

Во овој момент муницијата за бесшумна стрелба не може да пробие панцирен елек со втора класа на заштита поради недоволната брзина на летот на куршумот од околу 200-290 метри во секунда. Куршумите кои летаат со брзина од 400 метри во секунда можат да пробијат панцирен елек, но тоа не можат да го направат бесшумно.

Новата разработка на руските стручњаци претставува спој на бесшумност и зголемена пробојност. Стручњаците во текот на својата работа го унапредија куршумот така што му ја зголемија масата и направија острица на предниот пресек на јадрото. На тој начин е постигнато бесшумна стрелба и е сочувана високата пробојност.

Куршумот е развиен за пиштолот „Удав“ и е патентиран.

Извор: Russia Beyond