Huawei Mate 20 пристигнува во октомври, а сега пристигна најголемиот сет на информации за телефонот, како и рендери за тоа како ќе изгледа. Рендерите се креираат врз основа на фотографии од уредот во живо и она што веќе е познато за телефонот.
Тимот на XDA Developers дојде до слика од инжинерски примерок од телефонот Huawei Mate 20, врз основа на која се создадени рендерите. Дизајнерите кои ги создадоа рендерите немаа точни димензии на уредот, ниту пак точниот распоред на копчињата на финалниот модел. Исто така, задниот дел од телефонот не е јасно видлив на фотографиите, така што рендерирањето не го покажува целосниот дизајн.
Huawei Mate 20 ќе има засек на врвот дизајниран во вид на капка и нема да ги имплементира физичките компчиња. Над засекот има слушалка која функционира како еден од двата стерео звучници. На горниот дел од телефонот исто така има 3.5 милиметарски приклучок за слушалки, додека на дното на уредот има USB-C порта и уште еден стерео звучник.
На задната страна има три камери, веројатно слични или исти со оние на моделот P20 Pro. Исто така, назад е сместен и сензорот за отпечатоци. Телефонот користи стаклен заден дел со можност за безжично полнење.
Mate 20 ќе има 6,3-инчен AMOLED екран со резолуција од 2244 x 1080p, Кирин 980 чипсет, 6GB RAM меморија, 4200mAh батерија и Android 9 Pie софтвер со EMUI 9 интерфејс.