Google подготвува нов виртуелен асистент кој има потенцијал да го замени тренерот, лекарот и нутриционистот. Се разбира, сето ова е многу условно, но Google Coach е несомнено ветувачки проект.

Гласовните асистенти веќе навлегоа во секојдневниот живот на луѓето и изгледа ќе останат долго играјќи се поважна улога. Тие постепено стануваат попаметни, учат нови јазици, а сега се забележува тренд за создавање на потесно фокусирани решенија.

На пример, Google Duplex е создаден врз основа на универзалниот Assistant, за да повикува различни компании и да прави нарачки. Интернет компанијата работи и по друг клон на популарниот гласовен асистент – тоа е Google Coach, наменет за употреба со уреди, поврзани со здравјето и спортот.

Според неофицијални публикации, Google Coach ќе дејствува како виртуелен тренер, нутриционист и лекар. Се разбира, со појаснување дека ова е само вештачка интелигенција. Асистентот ќе го користи своето знаење за конкретниот корисник, за да дава совети за програми и вежби, да ја следи исхраната, да препорачува производи и слично, пишува „AndroidPolice“.

Google Coach ќе може целосно да подготви програма за тренинзи, диета или да понуди места за да нарачате одредени оброци соодветни за вашата исхрана.

Првично, новиот асистент ќе биде интегриран во Wear OS, што е логично бидејќи AI бара податоци за физичката активност на лицето, спиењето и пулсот.

Засега не е јасно кога Google Coach ќе стапи во употреба. Се претпоставува дека девелоперот ќе го претстави својот нов софтвер на есен, заедно со паметните часовници Pixel.