Европската Унија се подготвува за објава на дигитален паричник, кој на граѓаните ќе им овозможи да чуваат детали за плаќањата, како и лозинките, според извештајот на Financial Times. Апликацијата ќе им овозможи на членовите во сите 27 земји да чуваат официјални документи, како возачки дозволи, и да пристапуваат до разни приватни и јавни услуги со единствен онлајн ID.

Досега одредени држави членки на ЕУ издаваа сопствени дигитални ID, но не беа компатибилни, а се користеа во само 19 земји. Со пандемијата, која присилува многу луѓе да бидат онлајн, ЕУ ќе ја промовира идејата за користењето на ID како начин за полесен пристап до јавните и приватни услуги.

Корисниците наводно ќе можар да ја отворат апликацијата со помош на скенирање на отпечаток од прст или зеницата на окото, иако конечните детали се уште не се дефинирани. Дигиталниот паричник нема да биде обврзен, но граѓаните наводно ќе им понуди поголема дигитална сигурност и флексибилност. За да се заштити приватмоста, ЕУ ќе ги спречи компаниите да користат било кои податоци собрани од личните карти во цел на маркетиншки и други комерцијални активности

ЕУ планира новиот систем да го воведе за околу една година.