Откако апликациите како Instagram и Snapchat станаа глобално популарни, се повеќе луѓе ги изразуваат своите мисли и расположенија преку фотографијата.
Мобилните телефони со се понапредните камери овозможуваат буквално секој во било кој момент да направи фотографија, а фото филтрите таа фотографија да изгледа професионално. Интересно е тоа што корисникот дури може да изгледа и попривлечно, благодарение на токму тие филтри.
Истражувачите од медицинскиот центар во Бостон, откриле дека значително е зголемен бројот на пластични операции откако се појавија тие мобилни апликации, а се променил и начинот на кој потенцијалните пациенти им пристапуваат на пластичните хирурзи.
Денес најголемиот дел од пациентите на докторите им приложуваат фотографии кои што се изменети со разните филтри на апликациите како што се Instagram и Snapchat – филтри кои што нивните лица ги направиле попривлечни и обично посиметрични.
Токму ваквиот тренд, како и трендот на ретуширање на фотографиите влијаел и на зачестеноста на пластичните операции. Истражувачите откриле дека, додека минатото начесто се барала корекција на носот, сега се бараат операции кои што лицето го претвораат во попривлечна верзија, а како идеја се приложуваат филтрите од апликациите.
Со оглед на тоа што неколку студии открија како социјалните мрежи можат да предизвикаат анксиозност и да ја влошат депресијата, оваа студија на бостонските истражувачи само долева бензин во оганот кога станува збор за дебатата – дали социјалните мрежи се добри или лоши за луѓето?
Извор: Zimo.hr