Една од карактеристиките на коронавирусот SARS-CoV-2 што ги загрижува научниците е фактот дека, покрај пациентите кои покажуваат јасни знаци на инфекција, постојат и такви, т.н. асимптоматски, кои се заразени и не покажуваат знаци на инфекција.

Единствениот начин да се утврди дали се заразени е преку тестирање.

Неаполитанскиот онлајн весник Fanpage.it ги пренесува резултатите на дански научници од Универзитетот во Архус кои се обиделе да ја објаснат оваа непозната.

Според истражувањето објавено во списанието Embno reports, овој коронавирус е способен да ги одбегне, да ги измами имунолошките клетки во белите дробови на човекот, кои, кога се заразуваат, почнуваат да лачат интерферон, супстанца што му помага на имунолошкиот систем да го одржува телото здраво.

Данските научници покажаа дека коронавирусот SARS-CoV-2 е во состојба да инхибира, да ги спречи овие специјални клетки (научното име е Macrofagi alveolari) да лачат интерферон по инфекцијата со вирусот, и со тоа да ја намалат способноста на телото да се одбрани.

Ова е токму причината зошто вирусот, во првата фаза на инфекција, се шири од заразено лице, кое не покажува знаци на инфекција, на други со кои заразениот е во контакт.