Нова технологија на Apple може да го направи iPhone „документ“ за автентикација, или кажано поедноставно – пасош. Патентот за оваа технологија е веќе објавен на веб-страницата на Патентната канцеларија на САД.
Патентниот документ опишува детален алгоритам за пренесување и читање на доверливи податоци. Поконкретно, Apple планира да користи RFID и NFC протоколи преку кои податоците ќе бидат снимени на уредот.
Со користење на RFID, паметниот телефон ќе добива лични податоци – на пример, права за возење. Овие податоци ќе бидат зачувани во специјално оделена за целта, заштитена област од меморијата.
Уредите на Apple се опремени со NFC технологија за безжичен пренос на податоци помеѓу блиски уреди и имаат системи за идентификација на основата на биометриски податоци, забележува AppleInsider.
Концептот на Apple има потенцијално широка сфера на примена – таа може да се реализира како од приватни компании (на пример за пропусен систем), така и од јавни организации (за пасошка контрола).