Двата нови модела доаѓаат со сензор за отчукување на срцето, имаат поддршка за NFC и Google Pay, GPS, 4 GB RAM, водоотпорни се и поддржуваат брзо полнење на батеријата.
Новите два модели на паметни часовници кои што деновиве ги претстави Fossil, според многумина се поврзување на најдоброто од традицијата и дизајнот на часовниците со модерната технологија. Следејќи ги бескомпромисните дизајнерски стандарди и во комбинација со бројните напредни опции, новата генерација на паметни часовници на Fossil ќе ги исполнува апсолутно сите потреби на корисниците, тврдат од компанијата.
Новите Fossil Q Venture HR и Fossil Q Explorist HR доаѓаат со најмодерната технологија – опремени се со сензор за мерење на отчукувањата на срцето, поддршка за NFC мобилното плаќање со услугата Google Pay, GPS на самиот уред што значи дека нема да има потреба за поврзување со паметен телефон, водоотпорност, 4 GB меморија и можност за брзо полнење на батеријата.

Како најголем недостаток на овие паметни часовници на Fossil ќе го издвоиме процесорот. Новите модели се опремени со процесорот Snapdragon Wear 2100, којшто наскоро ќе биде заменет од новиот и многу подобар нов процесор на Qualcomm, па за неколку месеци можеме да очекуваме нови паметни часовници со далеку подобри перформанси.
Поради тоа, можно е одреден број на корисници да одлучат да почекаат да пристигне новиот процесор и да купат некој друг паметен часовник кој ќе биде опремен со него, отколку да ги купат часовниците на Fossil.

Инаку, моделот Q Venture HR има куќиште од 40 милиметри, додека пак моделот Explorist HR е поголем, односно има куќиште од 45 милиметри. Двата модели имаат куќиште од нерѓосувачки челик и работат на оперативниот систем Wear OS на Google.
https://www.youtube.com/watch?v=5llUWJbZJFk
На пазарот се очекува да пристигнат кон крајот на овој месец и ќе се продаваат по цена од 255, односно 275 долари.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли
