Мета наскоро може да го претстави својот прв VR хардвер по неговото ребрендирање од Facebook во Meta минатата година. Сега го знаеме потенцијалното име на тој уред.

Според инвеститорот Стив Мозер, следниот VR уред ќе се вика Quest Pro. Гореспоменатото име беше откриено во кодот за мобилната апликација Oculus на Мета.

Мета одби да ги коментира овие наводи. Сепак, познато е дека компанијата веќе подолго време навестува VR уред од премиум сегментот, кој треба да се најде покрај Quest 2 кој е наменет за потрошувачите.

Уредот го носи кодното име Project Cambria, а извршниот директор на Meta, Марк Закерберг, ги покажа своите способности во демо видео.

Претходно се појави информација дека новиот VR уред би можел да има цена од 799 долари, додека Bloonberg пренесува дека цената ќе биде повисока од 1000 долари.