Microsoft сака корисниците на Windows 7 да се префрлат на Windows 10, па најави крај на поддршката на оваа верзија на оперативниот систем во јануари 2020 година.

Во наредниот краток период, Microsoft ќе се обиде да ги убеди корисниците на Windows 7 да направат надградба на Windows 10.

Компанијата неодамна им даде инструкции на партнерските канали да ги поттикнуваат Windows 7 корисниците да извршат надградба на Windows 10, па се очекува дека од наредната година овој пристап ќе биде уште поагресивен.

Windows 7 во моментов е најпопуларниот десктоп оперативен систем на светот, со пазарно учество од 43%, додека на второ место е Windows 10 со околу 34%.