Долго време стравувавме од штетните зрачења на мобилните телефони.

Неодамнешно изтражување покажува дека мобините телефони не предизвикуваат рак на мозокот како последица на нивното зрачење, а ни микробрановите што ги предизвикуваат не штетат и не го изложуваат нашиот мозок на ризик од оваа опасна болест.

Телефоните емитираат електормагнетно поле кое до неодамна се поврзуваше со генетско оштетување на мозокот и предизвикување на тумор. Во 2011. година, Интернационалната агенција за истражување на областите побрзани со канцер, го класифицираше ова зрачење како канцерогено и ризично по здравјето на човекот. Последните истражувања, кои се најпрецизни досега, покажуваат дека се работи за зрачење на кое нашето тело е најизложено.

Истражувачите од Универзитетот Барселона, набљудуваа 9.000 луѓе од 7 земји, од кои 7.000 имаа тумор на мозокот. Цел на истражувањето била да се докаже да ли овие луѓе кои заболеле, работеле на работни места поврзани со мобилната телефонија. Од вкупниот број на испитаници, 10% биле изложени на големо зрачење, а само 1% на среден степен на зрачење.

Истражувањето покажало дека не постојат докази дека поголемата изложеност на зрачење од мобилните телефони предизвикува рак, бидејќи само дел од нив биле изложени на поголемо зрачење од мобилни телефони. Оваа област треба да биде малку повеќе анализирана со цел да се докажат и потврдат сегашните пронајдоци. Се покажува дека изложеноста на овие бранови може да ја влоши состојбата на оние кои се веќе заболени од оваа опасна болест.

Ова истражување доаѓа по шокантните податоци објавени минатиот декември, дека мобилните телефони и wi-fi мрежите ги зголемуваат шансите за спонтан абортус кај бремените жени за повеќе од 50%. Оние кои се изложени на поголем степен на радијација, имаат 48% повеќе можност да го загубат бебето за разлика од жените кои се изложени на помало зрачење. Абортусот не е условен од тоа дали жената претходно имала абортус или не.

Извор: Telegraf.rs