Според наводите од тужбата, скица на Samsung за „флексибилен OLED edge панел со 3D ламинација” протече од страна на снабдувачот.

Дисплеј технологијата на Samsung за екрани на превиткување е украдена, а потоа продадена на две компании од Кина, утврдено е од најновата тужба која е поднесена во Јужна Кореја.

Според наводите, скица на Samsung за „флексибилен OLED edge панел со 3D ламинација” протече од страна на снабдувачот. Тужбата тврди дека неименувана компанија ги продала инмформациите на две кинески компании за 14 милиони долари.

Според она што го истакна тужителот, Samsung поминал шест години и вложил околу 130 милиони долари во развој на свитлив екран за флексибилни телефон.

Во изјавата, која Samsung Display ја објави во петокот, компанијата истакнува дека наводната кражба е за жалење, истовремено истакнувајќи дека ќе преземе мерки за подобро да ги заштити своите технологии. Се уште не е одреден датумот на судењето, бидејќи се уште се трага по лицата кои се вмешани во инцидентот.