Преку апликацијата Google Earth во Егејското Море неодамна беше лоциран необичен објект, но никој со сигурност не може да потврди за што конкретно станува збор.
Кружниот објект може да се забележи во морето во близина на Солун, а корисникот на Google Earth, кој ја објавил снимката на порталот Disclose.tv, тврди дека се работи за објект со должина од дури 67 метри.
Неидентификуван објект се наоѓа во Егејското Море на брегот на Грција на координати 40°27’4.62″ 22°51’39.78, па можете да проверите и самите. Исто така, направив и неколку мерења користејќи го порамнувачот на Google Earth и заклучив дека овој објект е долг 67 метри“, напишал тој.
Веднаш потоа почнаа и шпекулации за што всушност станува збор, а некои корисници на интернет сметаат дека се работи за стар потонат светилник. Други, пак, кружната форма ги потсетува на вулкански кратер.
„Ова е чудно. Водата наоколу изгледа многу подлабока. Ништо во оваа област не изгледа воопшто слично со објектот. Неговата форма исто така се чини дека е премногу симетрична. На север има едно пристаниште. Дали е можно оваа структура да потекнува од него“, прашува корисник, кој го гледал видеото.
Она што е сигурно е дека додека не се потврди за што навистина се работи, објектот ќе привлече големо внимание меѓу љубителите на теории на заговор.