Цената на акциите на Facebook забележа пад поголем од 24 отсто, после последните вести за кварталните резултати.
За само два часа тргување, компанијата остана без 150 милијарди долари пазарна капитализација.
Оваа социјална мрежа објави полоши резултати од очекуваното, и предупреди дека следната година нејзините трошоци ќе растат повеќе од приходите.
Како што стои во извештајот, приходите на Facebook, во второто тромесечје изнесуваа 13,2 милијарди долари, 42 отсто повеќе во однос на истиот тој период минатата година. При тоа, профитот порасна на 5,1 милијарди евра.
Целото ова претставува побавен раст на финансиските резултати во однос на претходните квартали и нешто помал, во однос на она што го очекуваа аналитичарите.
Меѓутоа, тоа не е единствената грижа на инвеститорите – поголема загриженост владее поради бавното зголемување на бројот на корисници на оваа социјална мрежа.
На компанијата не им оди во прилог ниту фактот дека, планот за отворање на иновациски центар за поддршка на локалните компании, во една кинеска покраина, наиде на блокада.
Резултатите за второто тримесечје се прва најава за цената која ќе ја плати Facebook, поради новиот европски закон за приватност, но и поради скандалите поврзани со нарушување на приватноста, вклучувајќи го и оној за злоупотребата на личните податоци на корисниците, со компанијата Cambridge analytica, за да се влијае на гласачите во текот на претседателските избори во САД 2016 година.