Со цел да ги реши проблемите со безбедносниот пропуст Spectre, Google на својот интернет прелистувач му воведе нова безбедносна опција која што троши уште повеќе меморија.

Многумина го избегнуваат најпопуларниот интернет прелистувач токму поради тој проблем, а сега откриено е дека Chrome поради софтверските решенија за Spectre ќе троши уште повеќе работна (RAM) мемрија од вашиот компјутер.

Инаку, станува збор за големи безбедносни пропусти кои што беа откриени на самите компјутерски процесори на Intel, AMD и ARM, по што од Google мораа да реагираат и да го надоградат Chrome.

Во еден најлош случај, хакерите би можеле да го искористат пропустот кај процесорите и да добијат други информации од компјутерите, како што се лични податоци и податоци од кредитни карички и слично.

Google успеа да го реши тој проблем кај Chrome со додавање на нова безбедносна опција (Site Isolation) што значи дека за секоја отворена страница ќе биде отворен нов chrome.exe процес.

Тоа накратко значи дека Google Chrome ќе троши од 10 до 13 проценти повеќе работна меморија. За оние кои што работат со повеќе отворени табови треба да размислат веројатно за некоја екстензија која што ќе управува со табовите со цел да се заштеди на RAM меморија и кочење на компјутерот.

Извор: 24sata.hr