Алтернативниот сервис за поставување и следење на видео содржини Vimeo ја презема израелската стартап компанија Magisto. Финансиските аспекти на оваа транскација засега не се познати.

Платформата Magisto моментно собира околу 100 милиони корисници и нуди алатки за едноставно и брзо уредување на кратки видеа, со употреба на вештачката интелигенција. Во платформата е вклучена и музиката и фотографиите, кои не се заштитетни со авторски права.

Главниот извршен директор на Vimeo, Ањали Суд ја потврди аквизицијата, а тоа ќе биде нивно петто купување. Нивната претходна аквизиција пред Agisto, беше сервисот Livestream во 2017. година. Моментно се активни во преку 150 држави и имаат околу 90 милиони корисници.