Главниот радиус на Земјата е 6371 километар. Најголемата дупка што човекот некогаш ја има направено е длабока 12 километри. Тоа значи дека луѓето не можат да видат како изгледа јадрото на Земјата.
Сега научници од Универзитетот на Единбург заедно со научници од Кина и САД успеаа да го симулираат јадрото на земјата со помош на експерименти направени со ласери.
После декади на истражување дознавме дека јадорото на нашата планета е метално и е составено од елементи во нашиот сончев систем пред 4 милијарди години.
Но сега со помош на многу силни ласери и оптички сензори научниците успеаа да видат како азот се однесува на 1 милион пати повисок притисок од атмосферскиот и на температура над 3000 степени целзиусови. Со тоа дознаа дека во овие услови азотот се однесува како течен метал.
Бидејќи азотот е и најзастапен гас во нашата атмосфера научниците веруваат дека тој дошол од земјиното јадро кое најверојатно е составено од истиот елемент.
Ова откритие се очекува да помогне во разбирањето на минатото на нашата планета, како и еволуцијата на нејзината иднина.