Американскиот гигант за продажба, Amazon ја купува малата онлајн аптека PillPack со што најголемиот онлајн продавач ќе биде во директна конкуренција на ланците на аптеки и дистрибутери на лекови во САД, јавува Reuters.
PillPack овозможува купување на лекови на рецепт и други услуги за оние луѓе кои земаат повеќе видови на лекови, и се под третман за повеќе комплексни хронични состојби.
Целта на Amazon е да има удел во пазарот со лекови на рецепт којшто тежи повеќе од 450 милијарди долари. Иако PillPack очекува продажбата да биде достигне 100-тина милиони долари оваа година, големата база на корисници на Amazon и постоечката инфраструктура на испорака може да и помогнат на компанијата брзо да порасне.
Вредноста на зделката според извор на Bloomberg изнесува една милијарда долари и се очекува да се затвори во втората половина на 2018 година.