Во рамките на Android апликацијата на Facebook пронајдена е се уште необјавената “Your Time on Facebook” функција. Ова покажува колку време корисникот поминува на Facebook апликацијата на телефонот, секој од последните седум дена, како и просечното време поминато во апликацијата во текот на денот.
Функцијата исто така овозможува подесување на дневниот потсетник, кој корисникот го известува за тоа дека го преминал лимитот на користење кој сам го поставил, како и кратенка за подесување на Facebook известувањата. facebook за TecCrunch потврди дека работи на развојот на оваа функција, а официјално лице на компанијата истакна:
„Секогаш работиме на нови начини, кои можат да обезбедат времето кое корисникот ќе го помине на Facebook да биде добро потрошено”.
Функцијата на корисниците на Facebook би можела да им помогне да бидат порационални во тоа колку долго време поминуваат на социјалната мрежа. Ова е посебно битно во моментот кога iOS и Android во најновите верзии донесуваат сопствени функции со преглед на тоа која апликација им го одвлекува најголемото внимание на корисниците и можноста за подесување на известувањата и рестрикциите на користење на апликацијата кога ќе се достигне одреден лимит.