Тастатурите на екранот (on-screen) станаа вообичаена понуда кај мобилните уреди, иако тоа не ги прави удобни за користење. Ова посебно се однесува на таблет уредите, кои имаат поголеми екрани и кај кои би било поудобно имплементирањето на поголеми копчиња. Од друга страна, на некои тоа секогаш ќе им биде необично о неприродно чукање по екранот. Новиот патент на Apple би можел да понуди решение доколку некогаш воопшто биде имплементиран.

Пријавата за патент на компанијата Apple, објавена од USPTO, споменува користење на елекетростатички мотор, кој ќе го реши проблемот со локализирање на вибрацијата под прстите за да се создаде чувство и впечаток дека навистина се притиска физичко копче.

Наместо обидот за локализирање на вибрациите, патентот препорачива користење на електрицитет за да се имитира отпорот каков што го нудат механичките тастатури. Apple во минатото веќе експериментираше со хаптички одзив и има смисла компанијата да се занимава со овој проблем, кога е во прашање одзивот на екраните.

Секако, се уште е во прашање патент и не постојат гаранции дека оваа идеја ќе биде имплементирана. Посебно ако се земе во обзир фактот дека Apple е заинтересиран за iPad уреди со додатоци за тастатура.