Google стартува нова функција во Google Maps, која ќе овозможи чет со компании и институции, пишува The Verge.

Откако новата функција ќе биде пуштена во употреба, кај корисниците на iOS и Android ќе се појави ново копче за испраќање пораки, кое ќе овозможи комуникација со различни организации, што може да се најдат во апликацијата.

Компаниите, кои сакаат да се вклучат, ќе треба да го користат системот My Bussiness на Google за да можат да ја употребуваат апликација за испраќање и примање пораки. Апликацијата неодамна била надградена за подобро да му служи на бизнисот.

Интеграцијата на бизнис-разговори во „Google Maps од една страна може да не им се допадна на потрошувачите, бидејќи мапите почнуваат да се оптоваруваат со нови функции.

Од друга страна, тоа може да биде корисен потег за компаниите, бидејќи може подобро да се поврзат со корпорациите.