Samsung користи Snapdragon процесори во своите мобилни уреди во Северна Америка, но исто така развива и свои Exynost процесори кои ги користи на други пазари.
Во однос на графичките процесори, компанијата целосно ги користи решенијата нa ARM – Mali. Сега, од „Android Police“ дознаваме дека Samsung обелоденил нови работни места кои се поврзани сo развојот на графичките процесори за мобилни уреди.
Изданието ги цитира „WinFuture“, кои објавија оглас за работа во два американски развпјни центри. Првите производи што треба да се очекуваат ќе бидат интегрирани во паметните телефони од ниска класа, автономни автомобили итн.
Најверојатно, првите такви процесори ќе бидат комбинирани со сопствените Exynos чипсети на компанијата. Се разбира, нема потврда за ова, но очекуваме детали во блиска иднина. Исто така е можно да се намалат цените на уредите кои користат целосно сопствени решенија.